Предмет: Соопштение – исправка на информација објвена вчера на Вашиот ценет портал,а насловена како “Лабудовиќ на средба со пензионерите од Центар: Паркирањето и непристапните пешачки зони најголем проблем за возрасните“
Почитувани,
Во текот на вчерашниот ден при подготовката на соопштението за средбата што кандидатот за градоначалник Мирослав Лабудовиќ со пензионерите, беше направен ненамерен пропуст за неа. Средбата не беше со Здружението на пензионери на општина Центар, туку со претставници на Партијата на пензионерите.
Ве молиме да направите исправка на објавената информација со точните податоци, што значи, секаде каде што стои терминот Здружение на пензионерите, да се замени со Партија на пензионерите.
Ви благодариме на разбирањето,
Со почит,
Штаб на кандидатот за градоначалник
Мирослав Лабудовиќ




