ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Историјат

Во 1946 година во нашата земја е донесен првиот Закон за пензиско и инвалидско осигурување. Во истата година се пензионирани над 500 пензионери. Како поминуваа годините, така растеше бројот на пензионерите. Нашето Здружение е формирано на 22.01.1954 година.

Здружението е членка на Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, како самостојна, невладина и неполитичка организација. Сојузот е формиран на основа на доброволно изјаснување и зачленување. Со Законот за дополнување на Законот за пензиско и инвалидско осигурување во Сојузот на здруженијата на пензионерите е формирано Регулативно тело, кое со одлука ја определува висината на членарината и на средствата за погребнината еднаш годишно. Здружението на пензионерите на општина Центар е членка на Сојузот на здруженијата на пензионерите на град Скопје, активно учествува во нивната работа и делува во рамките на своите нормативни акти (Статут, Деловник за работа, програма и друго) како правно лице. Здружението на пензионерите на општина Центар-Скопје преку своите органи – Собрание, Извршен одбор и комисии, работи и придонесува за секојдневните активности на организацијата и разрешување на одредени проблеми на членството.

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ ЦЕНТАР - СКОПЈЕ:
ПРВА ОПШТИНСКА ОРГАНИЗАЦИЈА НА ПЕНЗИОНЕРИТЕ ВО СКОПЈЕ

Здружението на пензионерите на општина Центар-Скопје, претставува квалификуван партнер во развојот на системот на пензиското и инвалидското осигурување на Македонија и заштитник на правата на пензионерите. Во годините што пензионерите ги поминувале и поминуваат во Здружението тие се чувствуваат како активни чинители обединети во една непартиска, самостојна и непрофитабилна организација. Развојниот пат на Здружението со сите карактеристики претставува пример на организираност и структура на пензионерската организација на градот Скопје, па и на Републиката. Како и во другите сегменти на општеството така и пензионерското организирање во времето на централизираното управување, се одвивало во насока од Центарот – Федерацијата кон републиките. Непосредно по ослободувањето во 1945 година во рамките на синдикатите на Југославија дејствуваше посебно тело Сојузен одбор на пензионерите во чиј состав влегуваа по двајца претставници од секоја република. Во 1946 година во тогашното Народно собрание на Демократска Федеративна Југославија, во чиј состав беше и Република Македонија, се формираше и развиваше Републичка организација на пензионерите на Македонија, која функционираше во рамките на Синдикатот. Во 1950 година е формиран Републички одбор на пензионерите, а на ниво на град Скопје – Градски совет на пензионерите. На примерот на Скопје се организираат и во другите општини во Републиката. Како прва пензионерска организација на ниво на општина во 1954 година е формирано нашето Здружение. Основачкото собрание на Здружението е одржано на 22.јануари 1954 година, на кое е донесен Правилник за работа, а првиот Статут е донесен 1956 година. Пензионерите како членови, организирани во своја организација која се наоѓала под заштита на синдикатите, се бореле поправедно и поредовно да ги користат правата: како што биле повластеното патување со државните превозни средства, здравствената заштита, испраќање на годишни одмори во синдикалните одморалишта, усогласување на пензиите со порастот на платите, решавање на нерешените станбени прашања, снабдувањето и друго. По ослободувањето во 1946 година во Република Македонија имало над 40.000 вработени, за во 1960 година да се достигне број од 184.000. по 20 години во 1980 година има 419.000, пет години подоцна над 490.000, за во 1990 година да се постигне бројка од 600.000 вработени. Напоредно со порастот на вработеноста растеше и бројот на пензионерите, иако не во ист сооднос.

На 22.јануари 1954 година е одржано основачко Собрание на Здружението кое работело според донесениот Правилник. Во 1956 година донесен е првиот Статут, потоа се вршени измени и дополнувања на статутите во 1975, 1984, 1988, 1991, 1998, 2007 и последниот во 2010 година. Според Статутот Здружението самостојно одлучува за организационите и други дејности во интерес на пензионерите како вистински и непосреден нивен заштитник.

Здружението своите активности и дејности ги остварува преку финансиски средства што се собираа воглавно од членарината. За вршење на стручните и административни работи формирало свои стручни ограноци и комисии.

Екскурзии

Спортски активности

Нашите спортисти учествува во повеќе дисциплини на Регионалните и Републичките пензионерски спортски натпревари. Освојувачите на првите места на Регионалните пензионерски спортски натпревари стекнуваа право за учество на Републичките спортски пензионерски игри и натпревари. Спортистите-пензионери ги покажаа своите квалитети на Републичките спортски игри и натпревари со остварување на одлични резултати.

Благодарници и признанија

Мапа на ограноци