Републичките спортски натпревари на пензионери ќе се одржат на 17 септември 2023 година во Брвеница, Тетово.
Со свои натпреварувачи успеаа да се квалификуваат 43 здруженија кои ќе настапат со 371 натпреварувачи, од кои 224 во машка и 147 натпреварувачи во женска конкуренција.
Организатор на настанот ќе биде Сојузот на здруженијата на пензионерите на Македонија, а домаќин ќе биде Здружението на пензионери од Тетово.





