Здружението на пензионери на општина Центар оствари соработка со општинскиот Црвен Крст „Даре Џамбаз“, при што донирани беа девет сандачиња за прва помош.
Сандачињата ќе бидат распределени во ограноците на здружението.
Одѕивот на членовите на здружението беше масовен и членството во Црвениот Крст беше едногласно прифатено.











