Opens in a new tab

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Успешна соработка на ЗП Центар Скопје со Црвен крст на Општина Центар и Општина Центар

ЗП Центар Скопје оствари успешна соработка со Црвен крст на Општина Центар и Општина Центар преку организирање здравствена акција наменета за пензионерите.

Во просториите на ЗП Центар Скопје беше овозможено бесплатно мерење на крвен притисок и нивото на гликоза во крвта, со што пензионерите имаа можност да направат основна проверка на својата здравствена состојба.

Акцијата помина во пријатна атмосфера и со голем интерес од присутните. Ваквите активности имаат значајна улога во подигнувањето на свеста за редовна контрола на здравјето и превентивната грижа, особено кај повозрасната популација.

ЗП Центар Скопје ја продолжува соработката со институциите и организациите од локалната заедница, со цел да обезбеди корисни активности, поддршка и подобар квалитет на живот за своите членови.

Поврзани објави