Здружението на пензионерите на општина Центар – Скопје објавува јавен повик за прибирање понуди за избор на најповолен превозник за 2026 година, согласно годишната програма за работа и финансискиот план, со цел организација на еднодневни екскурзии во Македонија и соседните земји.
Планирани дестинации
Екскурзиите ќе се реализираат на следните локации:
- Кичево – Кнежино – Белица
- Ресен – Претор – Брајчино
- Битола – Трново – Хераклеа
- Струмица – Смоларски водопади – Царева Кула – Водоча – Вељуса
- Виница – Виничко Кале – Казим бег
- Кожуф – Смрдлива вода – Демир Капија
- Маврово – Радика – Рајчица
- Дојран (отварање на летна сезона)
- Дебарски бањи – Косоврасти – Баниште
Странство
- Република Србија — Соко Бања
- Република Албанија — Велипоље
- Република Грција — Солун
Рок за доставување понуди
Огласот е отворен 10 дена, во период од 18.02.2026 до 27.02.2026 година.
Услови за учество
Заинтересираните превозници треба да ги исполнуваат следните услови:
- Важечка лиценца за вршење превоз во меѓународен и внатрешен патен сообраќај
- Извод и број на лиценца со важност за 2026 година
- Автобуси од висока туристичка класа (минимум III класа)
- Минимум „EURO 04“ стандард
Начин на доставување
Понудите се доставуваат во писмена форма, во затворен плик.



