ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Продолжува успешната соработка меѓу ЗП Центар Скопје и Халкбанк

На 31 јули 2026 година се одржа средба меѓу претставници на ЗП Центар Скопје и Халкбанк, со што уште еднаш беше потврдена успешната и долгогодишна соработка меѓу двете страни.

Како дел од својата поддршка за пензионерите и активностите што се организираат во пензионерските клубови, Халкбанк донираше спортски реквизити наменети за пензионерите во клубовите на ЗП Центар Скопје.

Донацијата ќе придонесе за поттикнување на физичката активност, дружењето и поквалитетното поминување на слободното време на членовите.

ЗП Центар Скопје ја изразува својата благодарност до Халкбанк за поддршката и покажаната општествена одговорност, со очекување успешната соработка да продолжи и во иднина преку нови активности и иницијативи во интерес на пензионерите.

Поврзани објави