ЗП Центар Скопје и Општина Центар распишуваат конкурс за поетска творба по повод 13 Ноември – Денот на ослободувањето на град Скопје. Право на учество имаат сите заинтересирани автори кои сакаат преку поетски израз да му оддадат почит на Скопје, неговата историја, слободарскиот дух и значењето на 13 Ноември. Поетските творби треба да бидат доставени најдоцна до 26 октомври 2026 година на електронската адреса:
Сите пристигнати творби ќе бидат разгледани и селектирани од страна на комисија. Избраните учесници ќе бидат благовремено известени за понатамошните активности поврзани со конкурсот.
ЗП Центар Скопје и Општина Центар ги повикуваат сите љубители на пишаниот збор да учествуваат и со својата поетска творба да придонесат во одбележувањето на 13 Ноември – денот кој има посебно место во историјата на Скопје.





