Opens in a new tab

ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Песна, поезија и дружење во природа – еднодневен излет на хорот „Елегија“

Дел од членовите на хорот „Елегија“ при Здружението на пензионери Центар – Скопје реализираа еднодневен излет на ранчот „Шабан“ во селото Подгорци, Струшко.
Учесниците беа срдечно пречекани од домаќинот Шабан, кој се погрижи престојот да помине во пријатна и гостопримлива атмосфера.

Во прекрасниот природен амбиент, денот беше исполнет со песна, поезија, насмевки и добро расположение. Членовите на хорот испеаја бројни песни, а дружењето беше збогатено и со рецитирање поетски творби.

Овој излет беше уште една убава можност за заедничко уживање, негување на пријателствата и потврда дека песната и поезијата се прекрасен начин за поврзување на луѓето.

Со убави впечатоци и спомени, членовите на хорот „Елегија“ поминаа незаборавен ден исполнет со дружба, музика и убавините на природата.

Поврзани објави