ЗДРУЖЕНИЕ НА ПЕНЗИОНЕРИ НА ОПШТИНА ЦЕНТАР - СКОПЈЕ

Втора поетска работилница – Танцување со зборот

На 29.05/24, во ЈАДРО, се реализира втората Поетска Работилница – ТАНЦУВАЊЕ СО ЗБОРОТ.

Низ медитации, читање своја поезија, поврзување на емоцијата и зборот, креативно изразување и работа во групи, на мек, суптилен начин, се поттикна креативноста на учесниците. Танцувањето овој пат, резултираше со повеќе напишани песни, за кои потоа, се водеа инспиративни разговори.

Дружбата, на големо задоволство на присутните, продолжува на третата поетска работилница која ќе се одржи на 05.06.2024г.

Виолета Наумовска, Комисија за култура, ЗП ЦЕНТАР

Поврзани објави