Во првото Танцување со Зборот, учествуваа пензионери и други заинтересирани од целиот град.
Под водство на писателите и поетеси, Слаѓана Ставрева и Виолета Наумовска, на големо задоволство на сите присутни, трите часа станаа Миг.
Медитации, читање омилени стихови, пишување поезија, разговори за поезијата… дружење, и желба за повторна средба.
Според планираните активности, следната средба ќе биде на 29.05.24 во исто време и место. ЈАДРО, 10-13ч.
Првиот повик за работилница, предизвика интерес и на ниво на држава, за што вреди да се размисли.
Повеќе средби и соработка, повеќе Заедништво.
Виолета Наумовска, Комисија за култура, ЗП ЦЕНТАР








