Сите заедно – млади и повозрасни – се сплотивме во Дебар Маало на Денот на ослободувањето на Скопје, во една хуманитарна цел: да помогнеме таму каде што е најпотребно.
Голема благодарност до вредниот Актив на жени пензионерки од Центар, кои ја подготвија храната за хуманитарниот базар. Средствата од продажбата ќе бидат донирани за Здружението „Супорт Кочани“.
Фестивалот на симит и погача, во срцето на Скопје, веќе прераснува во убава традиција со која по втор пат го одбележуваме 13 Ноември.
Посебна благодарност упатуваме до Здружението на пензионери на Општина Центар, до учениците од нашите општински училишта и до сите учесници кои придонесоа овој настан да биде толку топол и незаборавен.
























