Денес се навршуваат 84 години од прерано згаснатиот живот на Роберт Гајдик Славко – личност која останува симбол на истрајноста, храброста и борбата за слобода. Во знак на почит кон неговото дело и историско значење, во срцето на општина Центар се одржа достоинствено одбележување во присуство на Н.Е. амбасадорот на Република Чешка, Јарослав Лудва, како и претставници на здруженијата на борци и пензионери.
Настанот помина во духот на заедништво и традиција, а празничната атмосфера беше заокружена со традиционалното кршење лепче по повод Василица. Паричката оваа година ја доби Владе Левковски, кому му посакуваме здравје, среќа и успешна година.







