По повод Светскиот ден на поезијата и чествување на 90 години од раѓањето на великанот на македонското литературно творештво Петре М. Андреевски, на датум 21.03.2024 година во Музејот на Македонската борба беше одржана манифестацијата „Моќта на Поезијата“.
Манифестацијата беше плод на една убава соработка помеѓу Здружението на пензионери на општина Центар, Здружението на просветни работници на град Скопје и општина Центар.
На манифестацијата беа присутни голем број на гости и учесници. Голема благодарност до сите членови на Здружението кои се одзваа на повикот да учествуваат на оваа манифестација со сопствени литературни – поетски творби. Благодарност и до хорот „Елегија“, кој повеќе од една деценија функционира во рамките на З.П.Центар и успешно го преставува Здружението, Општината и Р.Македонија, како во земјата така и во странство.




















